Swanson Лутеин и Боровница – Овој производ содржи три компоненти -лутеин, зеаксантин и екстракт од боровинка (Vaccinium myrtillus). Лутеинот и зеаксантинот се антиоксиданси кои спаѓаат во групата на каротеноиди и се наоѓаат во повеќе видови на алги, овошја, невен и пиперка.
Нивното основно дејство е да помогнат во заштита на човечкото тело, пред се окото и очното дно од токсичните ефекти на слободните радикали кои доаѓаат од надворешна средина, зрачењето на компјутерите и телевизорите, сонцето и вештачкото осветлување. Лутеинот и зеаксантинот не се синтетизираат во организмот и затоа е потребно да се внесуваат преку храната, односно преку суплементи и други додатоци.
Боровинката има активно учество како помошно средство во заштита од инфекции односно помага во регулирањето на ноќниот вид.
СВАНСОН Лутеин и Боровница помага:
– Кај дегенеративни заболувања на очното дно;
– За подобрување на ноќниот вид и ноќно слепило;
– Кај разни инфекции на окото;
– Кај луѓе кои работат со компјутери и се изложени на УВ зрачење.
Како додаток во исхраната, се зема еден софтгел дневно со вода. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца.