Fural S капсули

220 ден

Фурал С се употребува за краткотрајно лекување на акутна дијареја од бактериска етиологија, односно дијареја како резултат на бактериски инфекции предизвикани од грам-позитивни коки, како и од грам-негативни ентеробактерии.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Fural S капсули

Состав

Нифуроксазид 200 mg.

Фармацевтска форма

Капсула, тврда.

Дејство

Нифуроксазидот припаѓа во групата антидијареици и во групата интестинални антиинфламаторни/антиинфективни лекови. Дејствува локално во цревата и покажува екстремно ниска системска апсорпција. Активноста се должи на нитро-групата (NO2), којашто е силно електрон-реактивна.

Употреба

Фурал С се употребува за краткотрајно лекување на акутна дијареја од бактериска етиологија, односно дијареја како резултат на бактериски инфекции предизвикани од грам-позитивни коки:

  • Streptococcus pyogenes,
  • Staphylococcus pyogenes,

Како и од грам-негативни ентеробактерии:

  • Escherichia coli,
  • Salmonella
  • Shigella.

Пакување

Fural S капсули – Кутија со 10 капсули во блистер и со упатство за пациентот.