GALENIKA PANTENOL Body Lotion, 250ml

480 ден

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Содржи: Пантенол 5%, Алантоин, Шеа путер, Витамин Е, Алое вера

За секојдневна нега, хидратација и регенерација на кожата на телото;

Многу брзо се впива и е погоден за деца и возрасни.

Идеален за нормална до сува кожа на телото.

Придонесува за:

• ублажување на чешање кај сува кожа и кожа склона кон атопија благодарение на добрата пенетрација и високата концентрација на состојки

• хидратација и регенерација на кожата на телото

• зголемување на еластичноста и ја прави кожата мека и нежна во текот на целиот ден

• одржување на хидролипидниот слој на кожата

• регенерација на епидермалната бариера

Основна намена:

секојдневна нега и заштита на кожата на телото

Состав на производот:

пантенол, витамин Е, шеа путер, алантоин, алое вера

Пакување:

250 ml

Пантенол Body lotion е наменет за секојдневна нега и заштита на кожата на телото.
Формулацијата со пантенол, збогатена со витамин Е, шеа путер, алантоин и алое вера, помага во хидратација и регенерација на кожата, ја зголемува еластичноста и ја прави мека и нежна во текот на целиот ден.
Пантенолот придонесува за зачувување на природната влажност, мекост и еластичност на кожата. Покрај негата на здрава кожа, декспантенолот значително придонесува за ублажување на симптомите на иритирана кожа, сува кожа, кожа што се лупи и чеша.
Витаминот Е помага во спречување на губење на влага и дехидратација, со што ѝ обезбедува на кожата тонус што ѝ недостасува. Шеа путерот ја смирува и омекнува кожата, оставајќи ја мазна, полна и еластична. Алантоинот ја освежува кожата, ја регенерира и ја одржува негувана. Алое вера ги подобрува заштитните механизми на кожата, хидрира и ја смирува.
Многу брзо се впива и е идеален за деца и возрасни. Со секојдневна употреба го балансира нивото на влага во кожата изложена на сончева светлина, ветер, студ и вода. Може да се користи на чувствителна кожа, пред или по туширање.
Пантенол Body lotion 5% е наменет за сите генерации.
Предупредување:
Само за надворешна употреба. Во случај на контакт со очи, веднаш исплакнете. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Состојки:
Aqua, Paraffinum Liquidum, Panthenol, Glycerin, Glyceryl Stearate (and) PEG-100 Stearate, Caprylic/Capric Triglyceride, Stearic Acid, Cetyl Alcohol, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter, Tocopheryl Acetate, Allantoin, Cetyl Palmitate, C10-18 Triglycerides, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Citric Acid, Xanthan Gum, Triethanolamine, Phenoxyethanol, Parfum, Ethylhexylglycerin, Linalool, Citronellol, Alpha Isomethyl Ionone, Limonene, Hexyl Cinnamal, Geraniol, Benzyl Salicylate, Eugenol, Benzyl Alcohol.
Начин на употреба:
Нанесете тенок слој лосион на кожата на телото и нежно втријте еднаш дневно или по потреба и повеќепати во текот на денот.
Дерматолошки тестирано
Да се чува на температура до 25°C во оригинално пакување.