GIAVAL, 10 вагитории

600 ден

Помагало за третман на вагинални инфекции и иритации, со хијалуронска киселина и 6 други состојки

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

GIAVAL / ЖАВАЛ е помагало за третман на акутен и хроничен вулвовагинитис, цервицитис, неинфицирани или инфицирани цервикални ерозии од различна етиологија, леукореа, чешање на вулвата и сувост на вагината.

Zhaval е медицински производ во форма на вагинални супозитории, развиен на база на хијалуронска киселина и 6 состојки, кој ги поддржува ресторативните, регенерирачките и реепителизирачките својства на вагиналната слузница. Хијалуронската киселина содржана во производот им дава заштитен ефект на ŽAVAL вагиналните супозитории, создавајќи поволни услови за процеси на заздравување, реепителизација и обновување на физиолошката pH вредност, со што се спротивставува на пролиферацијата на патогени микроорганизми.

Состав: хијалуронска киселина 10 mg, епигалокатехин-3-галат, тинктура од мајчина душица, тинктура од лист од хамамелис, екстракт од цвет од невен, масло од див морков, перуански балзам.

Очекувани клинички придобивки: Очекуваните клинички придобивки се разрешување или намалување на знаците и симптомите на вагинитис на крајот од третманот. Знаците за идентификување на патологијата се како што следува:

– Субјективни симптоми (печење, болка, чешање, сувост на вагината, болка при сексуален однос, болка или печење при мокрење);
– Објективни симптоми (леукореа, еритем на вулвата, едем на вулвата и присуство на абразија/ерозија).

Намалувањето или исчезнувањето на овие симптоми е показател за ефикасноста на производот.

Како да се користи: Нанесете вагинална супозиторија навечер 10-15 дена, се препорачува да започнете на крајот од менструалниот циклус.