Hedrin Once Liquid Gel, течен гел, 100ml

920 ден

Клинички докажано ги убива сите вошки и гниди на влакнестиот дел од главата, без инсектициди. Безбеден дури и за бремени и бебиња од шест месечна возраст

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Hedrin Once Liquid Gel /  Хедрин течен гел /

Клинички докажано дека 100% убива вошки и гниди на влакнестиот дел од главата
* Hedrin® Once Liquid Gel делува по 15 минути
* Нема непријатен мирис, не предизвикува напади на астма, погоден за чувствителна кожа
* Безбедно за шестмесечни доенчиња и бремени жени

Наместо да користи инсектициди за труење вошки, Хедрин ги уништува вошките и ларвите со механичко дејство.

Сите производи на Хедрин се безбедни за употреба од 6-месечна возраст па натаму и за бремени жени. Немаат непријатен мирис, не предизвикуваат напад на астма или иритација на осетливата кожа.
Гелот Hedrin Once е без мирис, безбоен, свиленкаст, течен гел, лесен за употреба. Гелот Hedrin Once содржи пенетрол, кој дава лесен, пријатен мирис.
Производите на Хедрин не содржат инсектицидни состојки (биоциди), кои често предизвикуваат иритација на влакнестиот дел од главата. Хедрин содржи само физички активни состојки кои клинички се докажани како безбедни и истовремено се грижат за влакнестиот дел од главата. Покрај тоа, вошките и ларвите не развиваат отпорност на овие состојки.
Клинички е докажано дека гелот 100% ги уништува вошките и ларвите со едно нанесување од 15 минути. Без повторување.
Откако ќе се уништат вошките, можете лесно да ги отстраните од косата со плакнење, без потреба од долго чешлање. Празни лушпи од ларви (јајца) може да останат залепени за кожата и може да се отстранат со прстите или, доколку е потребно, со густ чешел.
Гелот Hedrin Once можете да го користите на коса фарбана со постојани бои. Употребата на полутрајни и привремени бои зависи од користената боја. Диметикон (активната состојка) се користи во многу шампони и регенератори, но може да влијае на некои привремени бои. Најдобро е да го пробате Хедрин на мала површина од косата и после миењето да проверите дали тоа влијае на изгледот на бојата.  Се препорачува да се користи течниот гел Hedrin Once непосредно пред боење или белење, бидејќи во спротивно може да го спречи приемот на боја за коса.
Во случај на истурање на производот Hedrin Once гел на подот, потребно е да се внимава поради опасност од лизгање. Може да го исчистите излевањето на Хедрин на тврди површини со чиста, сува крпа или хартиена крпа, а потоа отстранете ги остатоците од маснотии со чист детергент. За чистење на облеката, користете средства за одмастување или детергенти, натопете ги алиштата во вода еден час, а потоа измијте ги како и обично.

Досега немате прегледано ниту еден производ.