IMUNITINN MR е храна за посебни медицински намени, на база на зелен чај, корисни бактерии Lactobacillus rhamnosus и витамин Д, за потребите на исхраната на лицата со ослабен имунитет, во случај на вирусни инфекции, благи и умерени симптоми на грип.
IMMUNITINN MR се состои од трислојни таблети со модифицирано ослободување кои се произведени со иновативна технологија која овозможува постепено ослободување на активните супстанции (епигалокатехин галат (EGCG) се ослободува во текот на 1-виот час од консумирањето, L. rhamnosus се ослободува во вториот час и 4 часа по администрацијата на витамин Д), кој обезбедува тројна заштита од инфекции во текот на 24 часа.
- Превенција на вирусни инфекции на респираторниот тракт
- Олеснување и третман на симптомите на грип
- Стимулација на имуниот систем
- Превенција на бактериска суперинфекција кај вирусни инфекции
- Помошна терапија во третман на вирусни, бактериски и габични инфекции
Возрасни: Земете една таблета на ден, со чаша вода, на празен стомак.





