INNOPEA / Инопеа
Додаток во исхраната со палмитоилетаноламид и витамини од групата Б кои придонесуваат за нормална функција на нервниот и имуниот систем, нормална психолошка функција, како и за намалување на замор и исцрпеност. Благодарение на неговата специфична патентирана формулација, придонесува за намалување на оксидативниот стрес при хронични болни и воспалителни состојби, стимулација на имунолошкиот систем и побрзо закрепнување на телото. Благодарение на својот уникатен механизам на дејство, го намалува акутното и хронично воспаление, го намалува интензитетот на акутна и хронична болка, го регулира имунолошкиот одговор и придонесува за заштита на нервните клетки, оптимизирање на когнитивните функции и подобрување на квалитетот на животот.
Во кои услови се препорачува употреба на производот?
- Болни и воспалителни состојби на периферниот и централниот нервен систем (невропатија, радикулопатија, фибромијалгија, болка по операција, траума на мозокот и ‘рбетниот мозок, болка по мозочен удар)
- Невродегенеративни болести (Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест)
- Невропатска или мешана болка предизвикана од рак и хемотерапија
- Хронични инфламаторни и дегенеративни заболувања (ревматоиден артритис, остеоартритис)
- Нарушувања на сонот
Зошто се употребува?
- Ефикасно го намалува интензитетот на акутна и хронична болка и воспаление
- Уникатната фармацевтска форма обезбедува брз почеток на дејство
- Пониска доза постигнува подобар терапевтски ефект
- Го заштитува нервниот систем и го подобрува квалитетот на животот
- Добро се поднесува, без несакани ефекти
- Само 1 до 2 ќесички на ден
Што содржи?
Активни состојки: 1 ќесичка (2 g)
Levagen®+ 350 mg – од кои палмитоилетаноламид 315 mg
Витамин Б1 (тиамин-хидрохлорид) 0,55 mg
Витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид) 0,70 mg
Витамин Б12 (метилкобаламин) 1,25 μg
Начин на употреба:
Возрасни: Растворете ја содржината на ќесичката во чаша вода и пијте наутро и навечер или растворете ја содржината на ќесичката директно во устата, без додавање течност, наутро и навечер, во првите 15 дена. После тоа, продолжете со администрацијата еднаш дневно.