KANOIL Femme/Една КАНОИЛ вагиторија содржи 50 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis) и цврста маст.
КАНОИЛ femme 50 mg вагиториите содржат CBD масло од коноп. Тоа е маслен екстракт од едногодишното тревесто растение канабис или коноп. Маслениот екстракт нема пестициди и хербициди. Екстракцијата е на ниска температура без органски растворувачи, за највисок квалитет.
CBD маслото од коноп содржи канабиноиди, CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивни карбоксилни соединенија.
Канабиноидите имаат имуномодулаторен ефект.
CBD маслото од коноп може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија. Овие се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.
CBD маслото од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количина под 0,2%.
Употребата на КАНОИЛ femme 50 mg вагиториите има позитивен ефект на интимното здравје на жената заради противвоспалителното дејство и позитивното дејство на имуниот систем на CBD (Cannabidiol).
КАНОИЛ femme 50 mg вагиториите имаат поволно дејство:
– На отпорноста на вагиналната слузница кон вагинални инфекции при стрес и намален имунитет.
– При вагинални воспаленија пропратени со зголемена секреција.
– При промени на вагиналната слузница пропратени со чешање и болка.
-На подобрување на циркулацијата и епителизацијата кај оштетување на вагиналната слузница.
КАНОИЛ femme 50 mg вагиториите се наменети само за вагинална употреба.
Возрасни
Една КАНОИЛ femme 50 mg вагиторија се става длабоко во вагината, еднаш дневно пред спиење.
По ставање на вагиторијата се препорачува да се остане во легната положба 15-20 минути.
По препорака на лекар дозата може да се зголеми.