KANOIL 25mg, 5 супозитории

190 ден

Една КАНОИЛ супозиторија содржи: – 25 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis) – Цврста маст

Нема на залиха

KANOIL 25mg, Една КАНОИЛ супозиторија содржи:
– 25 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis)
– Цврста маст

KANOIL 25mg супозиториите се наменети само за ректална употреба.

KANOIL 25mg супозиториите се препорачуваат кога е потребно да се земе еднократна доза од 25 mg CBD наеднаш.

KANOIL 25mg супозиториите се препорачуваат за употреба кај лица што имаат отежнато голтање или неподносливост кон вкусот на КАНОИЛ® маслата.

KANOIL 25mg супозиториите содржат CBD масло од коноп, што е маслен екстракт од едногодишното тревесто растение канабис или коноп. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт.
CBD маслото од коноп содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивни карбоксилни соединенија.
Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуномодулаторен ефект (го подобруваат имунолошкиот систем).
CBD маслото од коноп може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.
CBD маслото од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количина под 0,2%.
CBD маслото од коноп може да помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.
CBD маслото од коноп не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® 25 mg супозиториите се манифестираат и при:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
  • Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помага во одржување на балансот на цревната флора;
  • Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство.
    Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести – помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта.
  • KANOIL 25mg супозиториите се препорачуваат за употреба кај лица што имаат отежнато голтање или неподносливост кон вкусот на КАНОИЛ маслата.

Дозирање:

Возрасни: Една KANOIL 25mg супозиторија се става во ректумот еднаш до двапати дневно, препорачливо една наутро и една навечер. Употребата на KANOIL 25mg супозиториите двапати дневно (наутро и навечер) е индивидуална и се препорачува консултација со лекар. Со употреба на KANOIL 25mg супозиториите двапати дневно се прима дневна доза од 50 mg CBD. По ставање на супозиторијата се препорачува да се остане во легната положба 15-20 минути.

Деца до 14години: Една KANOIL 25mg супозиторија се става во ректумот еднаш дневно. Со употреба на КАНОИЛ 25 mg супозиториите еднаш дневно се прима дневна доза од 25 mg CBD. По ставање на супозиторијата се препорачува да се остане во легната положба 15-20 минути. По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

Досега немате прегледано ниту еден производ.