Lacalut таблети за одржување на хигиена на протези
Хигиената на протезите секојдневно се одржува со паста и четка за заби, на начин како кај природните заби. Но на површината на протезата постојат микропразнини за кои е потребна дополнителна хигиена. Lacalut таблетите за протези, дејствуваат на база на активен кислород , кој ги отстранува нечистотиите и од најситните простори на протезата.
Се употребуваат едноставно – навечер пред спиење во чаша со вода се раствора една таблета. Течноста се пребојува сино, и во неа се спушта протезата. По извесно време течноста ќе се обезбои, што е знак дека протезата е комплетно исчистена. Протезата може да остане во течноста преку ноќта.





