Loratadin S таблети

170 ден

Лоратадин С Алкалоид содржи активна супстанција лоратадин, којашто спаѓа во групата лекови наречени антихистаминици. Антихистаминиците ги ублажуваат алергиските симптоми, спречувајќи го дејството на хистаминот којшто се создава во организмот.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна
Category:

Loratadin S таблети

Состав

Loratadine hydrochloride 10 mg

Фармацевтска форма

Таблети

Дејство

Лоратадин С Алкалоид содржи активна супстанција лоратадин, којашто спаѓа во групата лекови наречени антихистаминици.

Антихистаминиците ги ублажуваат алергиските симптоми, спречувајќи го дејството на хистаминот којшто се создава во организмот.

Индикации

Таблетите Лоратадин С се употребуваат како:

  • симптоматска терапија на алергиски ринитис (кивање, течење или чешање на носот, печење или чешање на очите),
  • симптоматска терапија на хронична идиопатска уртикарија (црвенило/исип на кожата проследено со чешање).

Пакување

Loratadin S таблети – Кутија со 10 таблети во блистер, со упатство за пациентот.