Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси со карактеристичен мирис и слатко-кисел вкус. Гроздовиот слад – Маџун претставува природен засладувач кој се произведува од гроздов сок и одлична замена за сахарозата (белиот шеќер).
Маџунот е традиционален и национален македонски производ кој се користел и произведувал масовно се до комерцијалната продажба на белиот шеќер. Се добива од висококвалитетни и бели и црвени сорти грозје. Овој производ кој што се употребува како храна, се повеќе се бара и како лек. Тој е природен антиоксиданс, содржи гроздов шеќер (гликоза и фруктоза), богат е со хидросолубилни витамини (В1, В2, Б6 и C), минерали (K, Na, Ca, P, Fe), танински материи, флавоноиди и органски киселини.





