Овој производ можете да го купите на Акција! СЕМЕЈНО ПАКУВАЊЕ! За секои купени 3 Маски од Коноп за многукратна употреба, добивате една ГРАТИС! (25% Попуст) САКАМ 25% ПОПУСТ

Maska za lice od KONOP

Бренд:

1,450 ден

Изработена е од 100% конопни влакна кои не го оневозможуваат дишењето и шиена е со употреба на органски памучни конци. Оваа природна хипоалергена маска за лице е целосно без хемиски средства. Само природно влакно. ЗА МНОГУКРАТНА УПОТРЕБА.

Количина:

Опис

Маска за лице од КОНОП, за МНОГУКРАТНА употреба

Заштитните маски веројатно ќе бидат задолжителни и во Македонија по укинувањето на полицискиот час. Во Германија веќе неколку покраини воведоа слична обврска.

Бидејќи нивото на загадување се зголемува низ целиот свет, нашите бели дробови мора да се справат со сè повеќе загадувачи во сè поголеми количини. Доколку не сакате кожата, носот и устата да ги допираат и вдишат (покрај останатите загадувачи) можните испарувања од пластика и полиестер и штетните избелувачи и бои, одговорот е маска за лице од 100% коноп. Оваа природна маска за лице без никакви хемикалии, нуди заштита од загадувачи на воздухот и заразни вирусни респираторни заболувања. Оваа органска маска за лице од коноп која не содржи пластика, не е само безбедна и нетоксична за возрасни и деца, туку е и удобна за носење подолг временски период, за вистинска целодневна заштита. Овие уникатни маски за лице од коноп се подобри за вас, особено ако сте чувствителни на хемикалии, склони кон алергии, или сте загрижени за хемикалиите кои се користат за изработка на обичните маски: пластика, винил или полиестер. Можете лесно да дишите, ако знаете дека природно органско растено конопно влакно е веднаш до вашата кожа, ве штити од честички на прашина и токсини во воздухот.

Не можевме да си дозволиме себеси да понудиме пластични или ПВЦ маски, затоа ги пронајдовме органските маски за лице од коноп, кои со години нудат заштита и се корисни за клиентите на многу различни начини (производството почнува во 1997 година). Луѓето ги користат овие бариери за лице од коноп во секакви прилики, при чистење на: чамците, велосипедите, таваните, подрумите, автомобилите, милениците. Се разбира, сега со пандемија на корона вирус COVID-19, овие маски за лице од коноп се покажаа непроценливи. Многу научници и лекари препорачуваат употреба на ткаенини како заштита за лицето за спречување на пренос на околината и зајакнување на самозаштитата од коронавирус. Медицинските сестри и докторите ни кажаа дека ги носат овие органски маски за лице, а потоа ги ставаат маските N95 одозгора, така што нивната кожа ќе допира само органски материјал. Овие органски маски за лице лесно можат да се дезинфицираат со натопување во врела вода неколку секунди. Спрострете ги, а може и да ги испеглате ако сметате дека е потребно. Маската за лице за многукратна употреба може и рачно да ја исперете.

Изработена е од 100% конопни влакна кои не го оневозможуваат дишењето и шиена е со употреба на органски памучни конци. Оваа природна хипоалергена маска за лице е целосно без хемиски средства. Без VOC (испарливи органски соединенија), без избелувачи, без бои, без ПВЦ, без пластика, без ластика, без чичак, без ГМО, без пестициди, без диоксин, без формалдехид, нема хемикалии како што е PFAS (група од токсични хемикалии). Само природно влакно, за ваша, а и наша целосна безбедност. Во време на коронавирус 2020 година, заради огромната побарувачка, производителот работи во 3 смени за да го овозможи снабдувањето со органски маски.

Ткаенина: 100% европски коноп

Димензии: висина 7,5 cm од двете страни (се шири до 17,5cm во средина), ширина 23,5 cm, врпците се долги приближно 32 cm

Боја: Природна (неизбелувана и необојувана), слонова коска

Карактеристики:

  • Одлична за заштита од вируси и за лично здравје
  • Маска за лице за заштита од микроби
  • Хипоалергена
  • Без ластика. Без боја. Неизбелувано.
  • Лесно се дише
  • Без формалдехид.
  • Супер чисто
  • Сосема природна, лесна за одржување. Без пластика.

Одржување: Најдобро да се потопи во врела вода половина минута за да се дезинфицира и да се обеси, а потоа да се испегла по потреба. Овие маски за лице се 100% природни и органски, така што е безбедно да ги вриеме краткотрајно. Ако сакате, можете да ги измиете и со благ детергент. Да не се сушат во сушалка за алишта.

Користење: Врзете ги двете врпци зад главата или врзете го секој пар врпци во јамка зад секое уво. Носете маска за лице од коноп за да се заштитите од загадувачи во воздухот или кога сте со болни. Нема да најдете поприродна или органска маска за лице од оваа, особено споредена со микрофибер маските од нафтени деривати, кои се заситени со хемиски и токсични средства за дезинфекција, кои влегуваат директно во белите дробови. Единечниот слој на ткаенина од коноп ви овозможува удобно да дишете додека ги филтрира честичките, загадувачите и алергените.

Цена: 1.390,00 денари (за купени 3 маски, четвртата е ГРАТИС)

Сеуште немате прегледено производи