Маслиново масло – Olivae oleum
Состав:
Маслиновото масло се добива со пресување на плодот од маслинка (Olea europaea).
Делување:
Маслиновото масло има холагогни, седативни и лаксативни својства, поради кои се користи како благо средство против камен во жолчката, бубрежни колики, опстипација (затвор).
Применето надворешно, ја штити кожата од изгоретини од сонце и делува смирувачки на оштетена кожа.
Ја негува сувата и оштетена коса.
Внатрешна употреба на Маслиново масло:
За исфрлање на камен од жолчката се земаат по 2 супени лажици, пред спиење во тек на 3-4 дена.
При опстипација (затвор) се земаат 1-2 супени лажици, наутро.
Надворешна употреба:
Се нанесува во тенок слој на кожата.
Пакување:
50 ml