MELUMIN Дневен крем

1,190 ден

MELUMIN дневен крем – дневна нега на чувствителна кожа со темни дамки од разни етиологии, склона кон формирање на нови места на пигментација.

Нема на залиха

MELUMIN дневен крем

Brightening protective day cream SPF 50+

Заштитува од формирање на темни дамки од разни етиологии, ги осветлува постојните места на хиперпигментација и го враќа рамномерниот, здрав изглед на кожата. Кремот обезбедува интензивна заштита од сончево зрачење.

Комплексот на современи SPF 50+ УВ-филтри обезбедува многу висока заштита од сонце, спречувајќи иницирање на пигментациски процеси во кожата како резултат на УВ зрачењето. Формулата содржи Melumin Tristage – иновативен, патентиран комплекс. Развиен во Биогенед Институтот за Истражување и Развој и формиран од активни супстанции со синергистичен антипигментациски ефект: Lightderm, Arbutin, liposome Vitamin C и Niacinamide.

Комплексот обезбедува ефикасна борба против хиперпигментацијата од различно потекло, работејќи на три нивоа:

  1. Ја инхибира синтезата и активноста на тирозиназа – ензим кој е од суштинско значење за формирање на меланин.
  2. Го ограничува бројот на меланозоми – органели на меланоцитни клетки, чија улога е синтеза и складирање на меланин – пигментот одговорен за развој на хиперпигментација.
  3. Го намалува трансферот на меланин во кератоноцитите во епидермисот – области каде се развива хиперпигментацијата. Присуството на кокосово масло во формулата придонесува во хидрирањето и измазнувањето на кожата. Комбинацијата на витамини Е и Ц спречува формирање на слободни радикали, има ефект против стареењето, ги забрзува процесите на регенерација на кожата, го изедначува тонот на кожата и обезбедува сјаен тен.

Индикации:

  • Флеки
  • Сончеви дамки
  • Старечки дамки
  • Флеки од акни
  • Хормонална и хиперпигментација предизвикана од лекови, мелазма
  • Сива и кожа без сјај

СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА: дневна нега на чувствителна кожа со темни дамки од разни етиологии, склона кон формирање на нови места на пигментација.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:

Нанесете наутро на исчистено лице, вратот и деколте и оставете да се апсорбира.