NARODNI MELEM за изгореници / Народен мелем за изгореници /
Народниот мелем за изгореници со својот единствен состав спречува настанување на лузни и ги ублажува симптомите од изгореници (црвенило, оток, болка).
Народниот мелем ѝ дава на оштетената кожа брзо опоравување и ревитализација, а покажува исклучителен ефект и во третманот на мали рани, исеченици, плускавци и волчји очи. Со своите регенерирачки и противвоспалителни својства помага кај гнојните процеси и го забрзува зараснувањето на раните.
Состав:
- Темјан
- масла од невен
- бозел и маслинка
- пчелин восок
- цетацеум
- витамин Е
Дејство:
Темјанот е смола која традиционално се користи како природен антисептик и помош за ублажување на болките. Маслата од бозел и невен дејствуваат противвоспалително и го спречуваат настанокот на отоци, додека маслото од невен исто така помага и во регенерација на кожата. Природните восоци во мелемот имаат емолиентен ефект, а маслата од маслинка и витамин Е дејствуваат како антиоксиданси и УВ-блокатори.
Се препорачува:
- Пред и по сончање, како заштита од појава на изгореници
- Кај изгореници предизвикани од сонце
- Кај суви и влажни изгореници (водена пареа, масла…)
- Кај изгореници предизвикани со дејство на некои хемиски агенси
- Кај мали рани, исеченици, плускавци и волчји очи





