Наксил форте шумливите таблети се користат за лекување на болести на респираторните патишта како астма, бронхитис (воспаление на слузницата на душникот), емфизем (зголемување на воздушните простори и губење на еластичноста на белите дробови), муковисцидоза (цистична фиброза) и бронхиектазија (трајно проширување на делот на цевката на душникот на кој таа се разгранува).
Една шумлива таблета содржи 600мг ацетилцистеин. Помошни материи 194мг натриум.
Лекот е наменет за примена кај возрасни.