NOW Taurine 500mg, 100 капсули

850 ден

Се препорачува за вегетаријанци, повозрасни лица и спортисти.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

NOW Taurine 500mg/  Таурин/

Тауринот е условно есенцијална амино киселина која не се користи за синтеза на протеини, но главно се наоѓа во повеќето ткива, особено низ нервен систем. Функционира во ткивата со стабилизирање на клеточните мембрани и помагање во транспортот на калиум, натриум, калциум и магнезиум во и надвор од клетките. Тауринот помага да се генерираат и регулираат нервните импулси и поддржува одржување на нормална рамнотежа на течности; исто така се користи од организмот во визуелни патишта, како и во мозокот и нервниот систем, каде што делува заедно со глицин и ГАБА како невротрансмитер.

  • Здравје на нервниот систем
  • Здрава визуелна функција
ОСТАВ КОЛИЧИНА ВО 1 ДОЗА: 1 КАПСУЛА % НА ДНЕВНИ ВРЕДНОСТИ
Taurine (слободна форма) 500 mg

Други додатоци: брашно од ориз и хипромелоза (целулозна капсула).

Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО. Кошер.

Препорака за употреба: Земете 1 капсула 1 до 4 пати на ден со сок или вода, по можност помеѓу оброците.

Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови (вклучувајќи антихипертензивни и диуретични лекови) или имате некаква медицинска состојба (вклучувајќи хипертензија). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

Тауринот е условно есенцијална амино киселина која не се користи за синтеза на протеини, но главно се наоѓа во повеќето ткива, особено низ нервен систем. Во организмот се наоѓа во слободна форма во скелетните мускули, мрежницата на окото, црниот дроб, бубрезите, срцевиот мускул и мозокот и е од големо значење за функционирањето на нервниот систем. Се добива од аминокиселините метионин и цистеин со помош на витамин Б6.

Функционира во ткивата со стабилизирање на клеточните мембрани и помагање во транспортот на калиум, натриум, калциум и магнезиум во и надвор од клетките. Тауринот помага да се генерираат и регулираат нервните импулси и поддржува одржување на нормална рамнотежа на течности; исто така се користи од организмот во визуелни патишта, како и во мозокот и нервниот систем, каде што делува заедно со глицин и ГАБА како невротрансмитер.

Тауринот е градивен материјал за други аминокиселини и е составен дел на жолчката, која е неопходна за подобро варење на мастите и апсорпција на липосолубилните витамини како и за контрола на нивото на холестерол.

Учествува во регулирање на крвниот притисок и транспортот на електролити низ клеточните мембрани, го подобрува метаболизмот на гликозата и во процесите на регенерација на ткивата. Тауринот има улога во транспортот на креатин и го потикнува панкреасот во производство на инсулин. Тауринот ја подржува осетливоста на инсулин во ткивата поради што е составен дел од редукциските диети и во периодот на изградба на мускулна маса.

Тауринот влијае на спортските перфоманси – го намалува оштетувањето на мускулите, го ублажува заморот и воспалението на мускулите. Во исто време, суплементацијата со таурин го подржува намалувањето на телесната тежина бидејќи користи масти како извор на гориво.

 

Здравствени придобивки од земањето на таурин

  • Одржува правилна хидратација и рамнотежа на електролитите во клетките
  • Во формирање на жолчни соли, кои играат важна улога во дигестијата
  • Регулирање на минерали
  • Поддршка на централниот нервен систем и очите
  • Антиоксидативна функција

 

Предности

  • За централниот нервен систем – има заштитен ефект на мозокот, во комбинација со вазодилататорите ги подобрува когнитивните и другите функции на мозокот (помнење, внимание, говор, координација на движење), помага во ублажување на стресот и нервната напнатост, антиконвулзивно и седативно дејство.
  • Ефект на диуретик – тауринот го држи калиумот и магнезиумот внатре во клетката оставајќи го вишокот на натриум надвор и на тој начин делува како диуретик.
  • Имуностимулирачко дејство – помага во нормализирање на телесниот метаболизам, ја подобрува работата на хормонскиот состав и го зголемува имунтетот.
  • За црниот дроб – тауринот ја задржува жолчката во течна состојба и го намалува холестеролот во телото.
  • За кардиоваскуларниот систем – спречува отстранување на калиумот од срцевиот мускул, спречува создавање на крвни згрутчувања, аритмии, и потикнува циркулација на крвта
  • За дијабетичари – тауринот е антиоксидант, помага во намалување на нивото на шеќер, како и ја зголемува осетливоста на клетките на инсулин
  • За очи – ја подобрува циркулацијата на крвта и потикнува регенерација на мрежницата на окото
  • Во козметика – ја одржува потребната хидратација на кожата, го неутрализира оштетувањето на кожата, го зголемува нивото на лецитин во клетките, делува на состојбата на фоликулите и штити од слободни радикали
  • За спортиси – ги нормализира метаболните процеси во телото и спречува уништување на мускулното ткиво поради физички напор, влијае на растот на мускулна маса кога имаме интензивни тренинзи.
  • Се препорачува да го земаат вегетаријанци, повозрасни лица и спортисти.

 

 

Досега немате прегледано ниту еден производ.