Oestrofact Silver protect вагинални капсули

740 ден

Oestrofact Silver protect-за обновување на нормалната физиолошка состојба на вагиналната слузница

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Oestrofact Silver protect вагинални капсули/

Меки вагинални капсули кои создаваат заштитна бариера со цел да го изолираат и штитат ткивото од иритирачките агенси. Со тоа се одржува и обновува нормалната физиолошка состојба на вагиналната слузница.

Претставува медицинско средство со двојно дејство :

  • го изолира третираното подрачје штитејќи го од надворешните патогени микроорганизми
  • ја ограничува колонизацијата на микроорганизмите на третираната површина,
  • создава идеални услови за обновување на природната физиолошка состојба на вагиналната слузокожа

Меките вагинални капсули треба да се применат кога ќе се јават првите симптоми како што се: чешање, печење, непријатност и сл.

Упатство за употреба:
1) Пред употреба измијте ја интимната регија
2) Вметнете ја меката капсула длабоко во вагината
3) Повторувајте ја примената еднаш дневно во тек на седум дена.

Не е неопходно да се прекинува евентуална паралелна примена на топикална терапија.

Услови на чување:
Да се чува подалеку од влага и топлина. Ако е изложена кон сонцето, содржината може да поприми благо жолта нијанса; што не влијае врз нејзините функционални карактеристики и рок на употреба.