Omega 3-6-9, 60 капсули

1,850 ден

За здраво срце и нормално ниво на холестерол

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Omega 3-6-9 / NATURAL WEALTH Омега 3-6-9, 60 капсули /

Здравјето на срцето и крвните садови е исклучително важно за зачувување на здравјето на целиот организам. Еден од наједноставните начини за обезбедување здравје е правилната исхрана. Поради оваа причина, денес се препорачува да се намали внесот на заситени масни киселини и холестерол, и да се зголеми внесот на незаситени, омега 3-6-9, масни киселини. Поволно делуваат на организмот, а бидејќи омега-3 и омега-6 се есенцијални масни киселини, што значи дека нашето тело не може самостојно да ги произведе, нивното присуство во секојдневната исхрана станува уште поважно.

Иако храната како рибата, маслиновото масло и јаткастите плодови се богати со есенцијални масни киселини, повеќето луѓе не ги внесуваат во организмот во доволна количина, па затоа е добро да се обезбедат преку додатоци во исхраната.

Затоа го препорачуваме Natural Wealth® Omega 3-6-9 како незаменлива поддршка за здравјето на целиот организам. Станува збор за препарат добиен од најквалитетни природни извори, рибино масло и масло од ленено и бораж, кое обезбедува идеален внес на сите најпотребни масни киселини. Помага за зачувување на здравјето на срцето (EPA и DHA, во доза од 250 mg на ден), крвните садови – со одржување на здраво ниво на холестерол во крвта (ALA, во доза од 2 g на ден) и заштитува нашите клетки од оксидативен стрес (витамин Е).

EPA и DHA придонесуваат за нормална функција на срцето.
ALA придонесува за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта.
Поволно дејство се постигнува со дневен внес од 250 mg EPA и DHA и 2 g ALA.

Како да се дозира:
Една (1) до три (3) капсули дневно после јадење.

Пакување:
шише од 60 капсули