Omnikum Zinc & Selenium таблети

610 ден

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Omnikum Zinc & Selenium таблети

Што претставува Omnikum Zinc & Selenium и за што се употребува?

Селенот е моќен антиоксиданс кој:

– Ги штити клетките и ткивата од штетните ефекти на слободните радикали кои го забрзуваат стареењето, влијае на плодноста кај мажите стимулирајќи сперматогенеза и е од суштинско значење за здравјето на простатата;
– Има имуностимулативно дејство, што е исклучително важно за зајакнување на имуниот систем;
– Учествува во производството на активни тироидни хормони, што е потребно за негово правилно функционирање;
– Неопходен е за правилен раст на косата и ноктите;
– Ја стимулира детоксикацијата на организмот со забрзување на елиминацијата на тешките метали.

Во исто време, цинк придонесува за:

  • Заштита на клетките од ефектите на слободните радикали (антиоксидативно дејство);
  • Нормална функција на имунолошкиот систем (имуностимулативно дејство);
  • Метаболизам на витамин А и одржување на нормален вид;
  • Одржување на нормално ниво на тестостерон во крвта и во нормална плодност и репродукција;
  • Процес на заздравување на раните, нормален раст, клеточна поделба и зачувување на нормалната киселинско-базна рамнотежа;
  • Нормална синтеза на протеини и нуклеински киселини и игра важна улога во метаболизмот на јаглехидрати и масни киселини.
  • Oдржување на нормална коса, кожа, нокти
  • Учествува во синтезата на ДНК,
  • Придонесува за нормална когнитивна функција
  • Селенот и цинкот се едни од најмоќните антиоксиданти кои придонесуваат во одржување на здрав организам.

Како да го употребувате Omnikum Zinc + Selenium?

Се препорачува употреба на 1 таблета на ден за време на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Ако сте употребиле поголема доза од Omnikum Zinc + Selenium отколку што треба: веднаш треба да се посоветувaте со Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да го употребите Omnikum Zinc + Selenium: не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Што мора да знаете, пред да го употребите Omnikum Zinc + Selenium?

Omnikum Zinc + Selenium не се употребува за превенција или третман на болест.

Бременост и доење:

Советувајте се со вашиот лекар и фармацевт пред да земете било каков лек.

Можни несакани дејства (реакции) на Omnikum Zinc + Selenium

За производот нема познати несакани дејства. Доколку забележите било какви несакани дејства Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

Број и датум на решението за промет:12-9748/2 од 10.11.2020 година

Едно пакување Omnikum Zinc + Selenium содржи 45 таблети

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства награничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.