ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
ORALSEPT – Симптоматски третман на болни воспалителни состојби и иритации на орофарингеалниот тракт.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Три пати дневно по една пастилада се растопи во уста.
При потешки форми на воспалителни состојби на орофарингеалниот тракт, може да се земе по една пастила на секои 4 часа, максимално шест пастили во тек на 24 часа.
Третманот не смее да биде подолг од 7 дена.
Деца од 6 до 12 годишна возраст
Лекот треба да се применува под надзор на возрасен.
Деца под 6 годишна возраст
Со оглед на фармацевтската форма (пастила), примената треба да се ограничи на деца постари од 6 години.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Позната преосетливост на активната супстанција или било која од помошните супстанции на лекот.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 10 пастили од 3 mg во блистер пакување.