OTO OLIVE OIL спреј за уво, 30ml

430 ден

Ја намалува можност за развој на бактериски и габични инфекции во увото, стимулира епителизација на воспалената слузница на увото.

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

OTO OLIVE OIL спреј за уво /

Oto olive oil содржи маслиново масло кое го омекнува церуменот и го олеснува неговото отстранување. Маслото од чајно дрво кое се содржи во препаратот ја намалува можноста за развој на бактериски и габични инфекции во увото, додека витаминот А ја стимулира епителизацијата на иритираната и воспалена слузница на увото. Растворот може да се применува и превентивно за помагање на природниот процес на чистење на увото и ја спречува појавата на церуминозен чеп, особено кај луѓе кои носат слушни апарати, бидејќи токму тие се подложни на создавање на церуминозен чеп.

Состав:

  • Маслиново масло
  • Масло од чајно дрво
  • Витамин Е
  • Витамин А

Дејство:

Маслиновото масло го омекнува церуменот (по принципот “слично се раствара во слично”) и го олеснува неговото отстранување. Маслото од чајно дрво кое се состои во препаратот делува како природен антимикотик и противвоспалително средство кое ја намалува можноста за развој на бактериски и габични инфекции на увото, додека витамин А ја стимулира епителизацијата на иритираната и воспалена слузница на увото.

Се препорачува:

  • Кај прекумерно создавање на церумен
  • Кај формиран церуминозен чеп
  • Превентивно кај пливачи, нуркачи и лица склони кон инфекции на надворешниот ушен канал
  • За одржување на хигиена на ушите
  • Кај лица кои носат слушни апарати
  • Кај задржување на вода во увото предизвикано од престој во услови на топла, влажна клима, потење, капење или неадекватна употреба на водени раствори за чистење на уши