Paracetamol Alkaloid сируп
СОСТАВ
5ml раствор содржи 120mg paracetamol
Фармацевтска форма
Перорален раствор
Дејство
Парацетамолот дејствува преку инхибиција на синтезата на простагландини во централниот нервен систем (ЦНС) и во помала мера преку периферна активност, блокирајќи го преносот на импулсите за болка.Парацетамолот дејствува антипиретично преку активност врз центарот за топлина во хипоталамусот, предизвикувајќи ширење на крвните садови и зголемен проток на крв во кожата, зголемено потење, а со тоа и губење топлина.
Индикации
- Парацетамол Алкалоид содржи парацетамол кој е аналгетик (намалува болка и треска) и антипиретик (намалува висока температура).
- Парацетамол Алкалоид ја намалува болката при никнување заби,
- забоболката
- болките во грлото
- ја намалува температурата при настинка и при грип
- и при детски инфекции, како што се големи и мали сипаници, голема кашлица (пертусис) и заушки.
Пакување
Paracetamol Alkaloid сируп – 100ml раствор





