Parafen филм-обложени таблети

Price range: 135 ден through 205 ден

Парафен е комбинација на двете најбезбедни аналгетски компоненти, во ниски дози, со што се постигнува најдобра безбедност и ефикасност за третман на најчестите болки

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Parafen филм-обложени таблети / Парафен таблети

Во зависност од должината на трањето на болката треба да се одреди и третманот, бидејки лековите кои се користат за третман на болка, обично се штетни за некој друг орган, па секогаш треба да направиме евалуација на тоа што добиваме, а што може да се јави како последица.

Обично послабите аналгетици се побезбедни, додека појаките се поефикасни, но тие пак можат да предизвикаат болки и оштетување на други органи (желудникот, црниот дроб) или да предизвикаат несакани компликации кај оние со срцеви заболувања.

Затоа секогаш треба да се одбере најбезбедниот, а сепак ефикасен аналгетик.

Парафен е комбинација на двете најбезбедни аналгетски компоненти, во ниски дози, со што се постигнува најдобра безбедност и ефикасност за третман на најчестите болки.

Начин на употреба:

Возрасни и деца над 12 години

  • 1-2 пати на ден
  • Максимална дневна доза 2 таблети х 3 пати дневно

Состав:

1 филм-обложена таблета содржи 200 mg  ибупрофен и 500 mg парацетамол.

 

Пакување

10 таблети, 20 таблети