Персен форте / PERSEN Forte е традиционален хербален лек од растително потекло со благо смирувачко дејство.
Коренот на валеријана има смирувачко дејство и ги ублажува симптомите на нервна напнатост. При несоница помага за заспивање.
Листот на мелиса дополнително придонесува за смирувачкото дејство на препаратот.
Листот на нане традиционално се користи заедно со коренот на валеријана во хербалните препарати за смирување.
Капсулите се соодветни за употреба како прв чекор во лекувањето на благи потешкотии кога употребата на посилни средства за смирување не е рационална.
Се препорачува за смирување кај умерена, минлива нервна напнатост ( како секојдневен седатив при психичка преоптеретеност, вознемиреност, раздразливост ) и/или кога привремено е отежнато заспивањето.
PERSEN Forteе наменет само за возрасни и деца над 12 години.Употребата на PERSEN Forte не е зависна од земањето храна.
Како да се употребува хербалниот лек Персен форте:
Возрасни и адолесценти над 12 години :
– во случај на психичка преоптеретеност, вознемиреност или раздразливост земете 2 Персен форте капсули, два пати на ден.
– при несоница земете 2 Персен форте капсули еден час пред спиење.
Капсулите се голтаат со вода, независно од оброците.
Дејството на Персен форте се манифестира постепено. За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е капсулите непрекинато да се земаат најмалку 2 недели.
Времетраењето на лекувањето не е ограничено. После долготрајна употреба на PERSEN Forte во препорачаните дози, не се јавува зависност од препаратот ниту апстиненцијални симптоми.





