Poltit е потполно природен производ кој го развиле шведски научници врз база на единствен стандардизиран екстракт на полен. Со клинички студии е потврдено дејството на препаратот Poltit на отстранување симптоми на бенигно зголемување на простата и подобрување на потенција.
Ублажува и отстранува симптоми на доброчудно зголемување на простата (честа потреба за мокрење, будење ноќе поради мокрење, чекање на почеток на мокрење, проблеми со одложување на мокрење, испрекинат млаз на урината, изостанок на осет на олеснување, капки после мокрењето, болно пецкање во тек на уринирањето).
Poltit содржи комбинација на два единствени и стандардизирани екстракти на полен (Р2 и ЕА5), преку кои ефикасно отстранува симптоми на бенигно зголемување на простата.
Секоја таблета содржи:
Активни состојки:
Р2…….70 мг.
ЕА5…..4 мг.
Останати состојки: лактоза монохидрат, микрокристална целулоза, силициум диоксид, магнезиум стеарат, малтодекстрин, сушен спреј акација, полисорбат 20, талк и шелак.
Екстрактите на полен за препаратот Poltit се добиваат од билки од фамилијата Graminae кои се одгледуваат во јужните делови на Шведска.
Стандардизиран процес на производство на екстракти на полен е клучен за квалитетот на препаратот Poltit, за кого гаран¬тира Natumin Pharma. За да се направат овие единствени екстракти на полен со специфично делување неопходно е поленот да се собира од билки од една фамилија со што се овозможува стандардизација на процесот.
За 1 кг. од овие екстракти на полен потре¬бно е 360 кг. зрнца полен.
Екстрактите на полен се добиваат од јадро на зрно полен, а обвивката на јадрото полен која е носител на алергените, е потполно отстранета така што Poltit може слободно да го користат особи алергични на полен.
Вкупна тежина на таблета е 370 мг.
Дозирање и начин на примена:
Првите месец дена 2×2 таблети дневно
Потоа преминувате на 2х1 таблета додека траат симптомите
Можете константно да пиете по 1 таблета за одржување добра состојба на здравјето на простата и одржување на нејзината сексуална функција.
Дозите може да ги прилагодите на индивидуалните потреби. По задолжителниот пе¬риод од месец дена, можете да земате дози до 4 таблети дневно.
Таблетите земете ги еден час пред јадење со вода. Минимално време за користење на препаратот е три ме¬сеци.
Несакани ефекти:
Не се познати. Особи преосетливи на некоја од компонентите на препаратот, треба да бидат внимателни. Не предизвикува алергии на полен затоа што единствените екстракти на полен се добиени од јадро на полен, а обвивката во која се наоѓаат алергените е отстранета.
Контраиндикации:
Не се познати. Особи преосетливи на некоја од компонентите на препаратот, треба да бидат внимателни.
Начин на чување:
Да се чува на темно и суво место, на собна температура, вон дофат на деца!





