PoxClin пена за ладење

640 ден

PoxClin® пена за ладење-за нега на кожата кај деца со овчи сипаници

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

PoxClin пена за ладење/

Медицински производ, од природни состојки  Aloe barbadensis и камилица, за нега на детската кожа со овчи сипаници. Најчеста тегоба кај овчите сипаници е јадежот кој предизвикува чешање. Тоа може да предизвика дополнителни компликации или трајни лузни, па лекувањето првенствено е насочено кон спречување на чешањето.

  • ја лади и смирува кожата
  • брзо го ублажува чешањето
  • ја намалува можноста за појава на трајни лузни

Што содржи пената за ладење?

Содржи природни состојки како екстракт од Aloe verа (aloe barbadensis), камилица и лаванда, што ја прави безбедна за примена кај деца. Содржи разладувачки состојки и навлажнувачи кои ја ладат и навлажнуваат детската кожа зафатена со овчи сипаници.

Како делува производот?

Содржи комлекс 2QR, патентиран инхибитор на бактерии кој е изолиран од растението Aloe barbedensis. 2QR ги спречува бактериите со создавање на физичка бариера помеѓу бактериите и кожата. На тој начин го спречува размножувањето на бактериите на кожата и појава на бактериска инфекција. Со намалување на можноста за инфекција, PoxClin® пената за ладење овозможува природен процес на зараснување и спречува појава на лузни поради чешањето.

Како се употребува?
Советуваме нанесување најмалку три пати на ден или кога има потреба од ублажување на симптомите. Пената за ладење е лесна и мека и може безболно да се нанесе и на поголема површина на кожата. Потребно е пената лесно да се втрие во кожата што доведува до ефект на ладење. За да се постигне поголем ефект на ладење се препорачува да се чува во фрижидер.