Формулиран од експерти и омилен меѓу мајките со генерации, ова е идеален додаток на исхраната на мајката за време на бременоста. Pregnacare е исто така бр.1 бренд додаток на исхрана во бременоста во Велика Британија.
Повеќе од само додаток на фолна киселина – вклучува 19 важни хранливи материи за севкупна поддршка, вклучувајќи го и цинкот кој придонесува за нормално репродуктивно здравје.
Пред зачнувањето
Pregnacare се препорачува пред зачнувањето за да се зголемат резервите на хранливи материи како што е железото кај жените кои се обидуваат да добијат бебе. Добрата исхрана е важна за да помогне во подготовката на женското тело за дополнителните барања што му се поставуваат за време на бременоста. Одредени хранливи материи, како фолна киселина, витамин Б12 и цинк се исто така од особено значење уште од првиот момент на зачнувањето. Цинкот придонесува за нормална плодност и репродукција, додека витаминот Б12 придонесува за нормално формирање на црвените крвни зрнца и исто така има улога во процесот на делба на клетките.
За цела бременост
Добриот внес на исхрана е од витално значење во текот на бременоста, не само во првите 12 недели. Pregnacare обезбедува есенцијални хранливи материи во текот на бременоста, вклучително и фолна киселина која игра важна улога во текот на сите девет месеци и придонесува за нормално формирање на крв. Можете да започнете со земање Pregnacare во било кој момент од бременоста.
Оваа информација не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш барајте совет од вашиот лекар или други квалификувани здравствени работници во врска со која било медицинска состојба.






