PREGNATOL Multi + Active folate

760 ден

Нема на залиха

Бременоста е важно време. Време за грижа за себе, за своето здравје, задоволство и среќа. Време за радосно исчекување и детално планирање. Бидејќи, посветувајќи се на себе, мајката се грижи и за своето бебе. Поради тоа за вас подготвивме се што е неопходно за здрава бременост.

Pregnatol Multi + Active Folate содржи 20 нутритиенти, внимателно одбрани и прилагодени на зголемените потреби во текот на бременоста и периодот на доење, како би се обезбедил здрав раст и развој на фетусот и новороденчето.

Наменет е за бремени жени и доилки, а примена се советува во текот на целата бременост и периодот на доење.

ШТО Е ФОЛАТ?

Фолатот и фолната киселина се суштински исти. Разликата е во тоа што фолатот е сол на фолната киселина и тоа е во облик во кој таа природно се наоѓа во намирниците. Фолната киселина е хемиски, синтетички облик.

Фолатот спаѓа во групата на витаминот Б и тој има искчлучително значајна улога во организмот, особено во текот на бременоста.

ИЗВОРИ НА ФОЛНА КИСЕЛИНА

Фолната киселина во облик на фолати природно се наоѓа во намирниците како што се овошје и зелен зеленчук (пр. Кељ, брокула, спанаќ), но многу лесно може да се уништи со готвење или друга термичка преработка. Во намирниците дополнително се наоѓа во многу мала количина, па особено во бременоста е неопходно да се надополни со суплементи.

Внесот во облик на фолати (идентичен облик како во храната) е многу подобар внес од хемиски синтетизираната фолна киселина од повеќе причини. Најважно е тоа што на тој начин се постигнува многу подобра апсорпција и искористливост.

УЛОГА НА ФОЛНАТА КИСЕЛИНА ВО БРЕМЕНОСТА

 Фолната киселина има исклучително важна улога во текот на бременоста и во метаболичките функции во клетката:

  • придонесува за раст на мајчиното ткиво за време на бременоста
  • има улога во процесот на клеточната делба

Фолната киселина е особено важна во текот на периодот на брза делба и раст на клетките, како што е токму периодот на бременост кога фетусот расте.

НЕДОСТАТОК НА ФОЛНА КИСЕЛИНА ВО БРЕМЕНОСТ

Со дополнително внесување на фолна киселина, се зголемува нивото на фолат кај мајката.

Ниското ниво на фолат кај мајката е ризик фактор за настанок на оштетување на невралната туба кај фетусот. Ова се однесува на жени во репродуктивниот перид, а корисен ефект се постигнува со додатно внесување на најмалку 400,0 μg фолна киселина, најмалку еден месец пред и три месеци по зачнувањето

Важноста на правилниот внес на фолати за време на бременоста е едно од најважните нутритивни откритија!

Препорачан внес на фолна киселина за време на бременоста:

Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) препорачува земање 600 µg фолна киселина дневно.

Се препорачува да се користат 600 µg дневно во тек на 12 недели пред планирање на бременоста, во текот на бременоста и за време на доењето.

ШТО Е QUATREFOLIC®

Quatrefolic® е природна, активна форма на фолна киселина, во форма на природна сол на глукозамин, која исто така природно се наоѓа во нашето тело. Синтетичката форма, фолна киселина, помалку се апсорбира и се користи во телото, а некои жени воопшто не можат да ја користат!

Потврдено е дека 30-50% од жените (во зависност од државата) воопшто не ја активираат и користат фолна киселина во организмот, бидејќи немаат ензим кој ја активира. Оваа внесена фолна киселина останува слободно да циркулира во крвта, потенцијално предизвикувајќи несакани ефекти и за мајката и за бебето.