Го зголемуваат бројот на добри бактерии во дигестивниот систем. Идеална форма за секојдневна употреба и при земање антибиотици.
Генеричко име/состав
Bacillus coagulans, глукоолигосахарид, пиридоксин хидрохлорид, рибофлавин, цијанокобаламин, тиамин хидрохлорид.
Што е и за што се користи
Додаток на храна со живи бактериски култури, глукоолигосахарид и витамини Б6, Б2, Б1 и Б12. Го зголемува бројот на добри бактерии во дигестивниот систем. Витамините Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.
Состав
Глукоолигосахарид, желатин, малтодекстрин, Bacillus coagulans BC4 ®, средства против стврднување: колоиден силициум, магнезиумови соли на масни киселини; витамин Б6, витамин Б2, витамин Б1, боење: жолт железен оксид (Е172(iii)), регулатори на киселост: тринатриум цитрат (Е331), лимонска киселина (Е330), витамин Б12.
Упатство за употреба
2 капсули на ден. Препорачуваме капсулите да се пијат цели, но можно е да се отворат и да се измеша нивната содржина во течност (вода, млеко) на собна температура.