PROPOLIS SPREJ ZA GRLO

480 ден

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Прополисот е смолеста материја што ја произведуваат медоносните пчели, со комбинирање на ензимите од сопствената плунка и пчелиниот восок, со супстанции што ги собираат од цветните пупки, од нектарите од кората на дрвјата и од другите природни растителни извори. Прополисот се нарекува и пчелин лепак, кој служи како штит за одржување на здравата пчелина кошница. Исто така, за нив прополисот претставува „хемиско оружје“ против надворешни патогени микроорганизми, но и превенција од ширење инфекции во пчелината кошница, правејќи ја една од најстерилните средини познати за природата.

Производот содржи мешавина од воденоетанолни екстракти на цвет од камилица, на лист од жалфија и на лист од тегавец; високопрочистен, густ екстракт од прополис, екстракт на плод од шипка и eтерично масло од нане.

Препорачана дневна доза

Возрасни и деца постари од 12 години: трипати на ден по 1-2 распрскувања во грлото.

Да се протресе пред употреба.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Мерки на претпазливост и предупредување

Производот содржи алкохол.

Не се препорачува за лица алергични на производи од пчела и за лица пречувствителни на некоја од состојките.

Производот не треба да се користи како замена за разновидната исхрана.