Propomint спреј 30ml / Пропоминт спреј /
Propomint спрејот содржи екстракт од прополис. Прополис е производ на пчелите со кој ја обложуваат внатрешноста на кошницата за да го заштитат и сочуваат здравјето на пчелите.
Прополисот традиционално се користел преку 5 000 години. Историски записи покажуваат дека прополисот бил ценет производ во исхраната и медицината на старите народи и го сметале за дар од бога.
Прополисот како природен производ претставува смеса од над 150 соединенија, а основните соединенија претставуваат флавоноиди, феноли и терпени. Синергијата на овие компоненти во составот на производот ги овозможува сите позитивни ефекти кои прополисот ги манифестира.
Состав:
- Екстракт од прополис
- Ментол
- Вкус на малина
Дејство:
Како спреј е едноставен за употреба, со помош на распрскувачот, може директно да се нанесе во устата и на грлото. Поради содржината на ментол Propomint спреј дава пријатно чувство на ладење, го освежува здивот, ја отстранува непријатната миризба од устата кој се јавува од храна, алкохол или цигари.
- Може да се користи секојдневно.