PULMINT капки за инхалација / Pulmint kapki za inhalacija /
Пулминт капки за инхалација содржат комбинација од етерични масла и се користат за подготовка на влажни инхалации. Етерските масла го засилуваат лачењето на бронхијалната слуз, го разредуваат густиот и леплив секрет и го олеснуваат неговото искашлување.
Пулминт капките содржат и ментол кој заедно со етерските масла дејствува антисептично и противвоспалително на горните и долни дишни патишта, се до најситните бронхии.
Состав:
- Алкохол
- ментол
- терпентинско масло
- етерски масла од питомо нане и кедар
- есенцијално масло од лимон и еукалиптус
Пулминт капките благо го дезинфицираат воздухот и шират пријатен мирис на кедар, па се користат и за освежување на просториите.
Се препорачуваат:
- Кај настинка и кашлица
- Кај затнат нос и отежнато дишење
- Кај воспаление на синусите
- Кај главоболка (капките се вртиваат однедвор, на површината на главата)
- За навлажнување на сувиот воздух во затворени простории



