Rekonazol шампон 2% / Реконазол шампон
Кetoconazole
Терапевтски индикации
Превенција и третман на инфекции предизвикани од Malassezia, како што се првут, себороичен дерматитис и тинеа версиколор (габична инфекција на кожата).
- Ефект видлив после 7 дневен третман
- Делува локално, без системска ресорпција
- Нема несакани ефекти
- Има пријатен мирис
Дозирање:
Возрасни и деца:
Шампонот се нанесува на болниот дел на кoжата или косата. По 3-5 минути убаво се плакне со вода. Не се препорачува кај доенчиња и деца.
Третман
Првут и себороичен дерматитис: два пати неделно во текот на 2-4 недели. Тинеа версиколор: еднаш на ден, максимум 5 дена.
Превенција
Првут и себороичен дерматитис: еднаш на секои 1-2 недели. Тинеа версиколор: еднаш на ден, максимум 3 дена пред изложување на сонце.
Мерки на претпазливост: Да се чува на температура до 25°C во оригинално пакување. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Возрасни и деца:
Шампонот се нанесува на болниот дел на кoжата или косата. По 3-5 минути убаво се плакне со вода.
Состав:
1g шампон содржи 20 mg кетоконазол
Помошни супстанции: динатриум лаурет сулфосукцинат, кокамид диетиламид, лаурдимониум хидроксипропил хидролизиран колаген, имидуреа, парфем хелиотропе 2184, хлороводородна киселина, вода пречистена.