Rigenforte / Ригенфорте /
Rigenforte капсулите содржат патентиран Biotinax® комплекс со биотин (витамин H), минерали, витамини и аминокиселини (метионин и цистин). Биотинот и селенот придонесуваат за одржување на здрава коса, цинкот придонесува за одржување на здрави нокти, бакарот придонесува за нормална пигментација на косата, а витаминот Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Специјалната капсула Rigenforte® има продолжено, бифазно дејство (патентирана технологија на компанијата ESI®) и содржи 4 мали таблети кои постепено се раствораат и апсорбираат во различни делови на интестиналниот тракт, овозможувајќи му на организмот целосно да ги искористи сите присутни нутриенти.
Со клинички испитувања е докажан ефектот на Rigenforte капсулите, кој се манифестира со намалување на опаѓањето на косата, зголемување на дебелината на влакното, отпорноста на кинење и зголемување на бројот на влакна во фаза на раст.
Naturcaps® капсулите се произведени од растителни влакна, потполно се природни, без вештачки бои, лесно сварливи и погодни за вегани и вегетаријанци.





