ROWAchol, 50 капсули

650 ден

Ровахолот ги намалува спастичните болки кои потекнуваат од жолчните патишта, го намалува создавањето на ендогениот холестерол и делува бактериостатски и бактерицидно…

Нема на залиха

 

КАКО ДЕЛУВА ROWAchol ?

Механизмот на дејство на ROWAchol е доста комплексен. Ровахол предизвикува растопување и / или исфрлање на калкулусите од жолчното кесе и жолчните патишта и може да делува превентивно во формирањето на калкулусните формации. Истовремено Ровахолот значително го зголемува создавањето и протокот на жолчката во жолчните патишта.

ROWAchol ги намалува спастичните болки кои потекнуваат од жолчните патишта, го намалува создавањето на ендогениот холестерол и делува бактериостатски и бактерицидно на некои бактерии ( стафилококи, ентерококи и тифоидни бактерии ).

КОГА СЕ УПОТРЕБУВА РОВАХОЛ ?

Калкулоза и / или воспаление на жолчното кесе

Воспаление на жолчните патишта

Дискинезија и / или спазми во жолчните патишта

Превентивно кај склоност за калкулоза во жолчните патишта

Кај зголемено ендогено ниво на холестерол

Може да се користи кај пилороспазам

ИНТЕРАКЦИИ СО ДРУГИ МЕДИЦИНСКИ ПРОДУКТИ

Посебно внимание треба да се обрне кај пациенти кои примаат перорални антикоагуланси ( против тромбози ) или други лекови кои се метаболизираат во црниот дроб, а големините на користените дози им се критични. Кога се прима Ровахол истовремено со диета која содржи малку холестерол се потенцира падот на холестеролот.

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА РОВАХОЛ ?

Возрасни:

Доколку не е поинаку препишано од лекар, вообичаена доза за Ровахол капсулите е 1 -2 капсули три пати на ден 30минути пред јадење. Во случај на колика 2-3 капсули четири до пет пати на ден.

Деца на возраст од 6-14 години :

Доколку не е поинаку препишано од лекар, вообичаената доза е по една капсула два пати на ден 30минути пред јадење.

ЧУВАЊЕ И РОК НА УПОТРЕБА

Чување: Да се чува на температура до 25 степени.