Salvi panten 24 ориблети

230 ден

Придонесуваат во одржувањето на здравјето на непцата, усната шуплина и грлото и може да се користат секојдневно.

Нема на залиха

Salvi panten 24 ориблети / Салви пантен /

Salvi panten ориблетите придонесуваат во одржувањето на здравјето на непцата, усната шуплина и грлото. Salvi panten може да се користат секојдневно за одржувањето на ’’хигиената’’ на устата и грлото, а нивната формулација без шеќер ги прави погодни за примена кај дијабетичари и лица кои се на редукциски диети. Salvi panten не предизвикуваат кариес.

Состав:
  • Сув екстракт од жалфија
  • витамин Ц
  • калциум-Д-пантотенат

Дејство:

Жалфијата,(Salfia officinalis) е една од најстарите лековити билки, споменувана е во белешките на сите антички лекари. Ја нарекувале “симбол на вечниот дух” и тоа не е случајно. “Салваре” на латински значи “излекува, спасува”.

Полезностите од жалфијата, во најголем дел се должат на етерните масла кои со векови биле употребувани заради антибактериските и антивирусните карактеристики во улога на антибиотик, посебно за устата и грлото.

Калциум-Д-пантотенатот помага во одржувањето на здравјето и регенерацијата на усна слузница, додека витаминот Ц учествува во синтезата на колагенот и придонесува за правилна функција на непцата, гингивите слзокожата на грлото и усната шуплина.

Придонесува:

  • За ублажување на тегоби на надразнета слузница на устата и грлото
  • За одржување на регенеративниот процес на слузокожа на устата и грлото
  • За здрави непца и гингиви
  • Во спречувањето на појавата на непријатен здив во устата