GLUCOSAMIN COMPLEX ПРАШОК

1,090 ден

Glucosamin complex содржи комбинација од 4 основни дејствувачки принципи. Со заедничко дејствување придонесуваат во обновување на ‘рскавицата, зачувување и подобрување на подвижноста на зглобовите, како и нивна регенерација

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Glucosamin complex содржи комбинација од 4 основни дејствувачки принципи.

Тие се природни супстанци, составен дел на ‘рскавицата и претставуваат клучни компоненти во одржувањето на подвижноста на зглобовите и заштита од различни деформации: Глукозамин сулфат, хондроин сулфат, МСМ и хијалуронска киселина.

Со заедничко дејствување придонесуваат во обновување на ‘рскавицата, зачувување и подобрување на подвижноста на зглобовите, како и нивна регенерација.

‘Рскавицата е мазен, лизгачки материјал, кој овозможува две коски во зглобот да лизгаат една преку друга и така да обезбедат движење. Намалената еластичност на ‘рскавицата доведува до развој на симптоми на болка, воспаление и слаба подвижност. Главна карактеристика на овие заболувања е пропаѓање на ‘рскавицата кое освен болка доведува до вкочанетост, отеченост и отежната подвижност. Можат да бидат зафатени било кои делови од телото, најчесто зглобовите на рацете, колената и ‘рбетот, а со напредување на болеста симптомите стануваат посилни и поинтензивни. Овие тегоби се составен дел на стареењето, но се и сé почеста појава кај младите, поради зголеменото оптоварување на зглобовите (спортисти, лица изложени на тежок физички напор), прекумерната телесна тежина, или наследните генетски предиспозиции.

МСМ – Метил сулфонил метан (МСМ) влијае врз цврстината и стабилноста на врзното ткиво, го потпомага функционирањето на зглобовите и претставува извор на сулфур, кој е од голема важност за коските. МСМ влијае врз зголемување на синовијалната течност во зглобовите и ја штити ‘рскавицата од оштетување. Значително го намалува отокот на зглобот кој предизвикува болка.

Препорака: За уште подобри резултати, користете ги Glucosamin complex прашокот напоредно со Glucosamin complex гелот.

Хијалуронската киселина учествува во изградбата на ‘рскавицата. Кај хроничните, воспалителни процеси (остеоартритис) доаѓа до разградување на хијалуронската киселина и оштетување на ‘рскавицата. Хијалуронската киселина е дел од колагенот во сите ткива на организмот – ‘рскавицата, коскеното и мускулно ткиво, тетивите, лигаментите и кожата. Таа ги подмачкува зглобовите, ја одржува нивната здрава функција така што ја зголемува вискозноста на синовијалната течност во зглобовите, и ја прави ‘рскавицата помеѓу коските поеластична.

 

 

Досега немате прегледано ниту еден производ.