SILYMARIN DUO, 30 таблети

Бренд:

260 ден

SILYMARIN DUO – Докажани својства на млечниот трн се: изразено хепатопротекторно дејство, учество во обновувањето на клетките на црниот дроб, кои се оштетени…

Количина:

Шифра: 4553 Категории: ,

Опис

SILYMARIN DUO ДВОЈНА  СИЛА  ЗА ЗДРАВ ЦРНИОТ ДРОБ

Состав:

1 таблета содржи 100 mg млечен трн (Silybum marianum) и 50 mg екстракт од шипка (Rosa canina extract).

Дејство:

Црниот дроб е животно важен орган, кој во организмот исполнува повеќе од 500 функции, кои што се поврзани не само со работата на одделни системи, туку и со општата размена на материи – последователно со рамнотежата и функционалната состојба на целиот организам.
Овој орган поседува големи внатрешни резерви, вклучувајќи ја и способноста за брза рехабилитација после различни нарушувања во организмот. Постојат многу можности да се одржува здравјето на црниот дроб, особено ако му се обезбеди адекватна профилактичка поддршка и дополнителна заштита.

Млечен трн

Растението поседува широк спектар на  дејства. Плодовите содржат специфични флавонолигнани (три изомери – силибин, силикристин, силидианин), флавоноиди, алкалоиди, сапонини, органски киселини,  биогени амини (тирамин, хистамин), до 30 % масло и до 0,1% етерично масло, витамин К, слуз, важни микро и макро елементи (бакар, селен и др). Основна активна супстанција е силимарин. Докажани својства на млечниот трн се: изразено хепатопротекторно дејство, учество во обновувањето на клетките на црниот дроб, кои се оштетени од токсини и вируси, противвоспалителен ефект како и ефект на заздравување на рани при нарушувања во гастро-интестиналниот тракт. Покрај тоа, млечниот трн е индициран при ослабен имунитет, како адаптогено средство.

Шипка

Плодовите од шипка и нивните препарати – водени екстракти, сирупи, витамински чаеви, екстракти – се користат при хиповитаминози и авитаминизи Ц и П (кои особено се појавуваат при нарушување на пропустливоста на ѕидовите на крвните садови); се користат при акутни и хронични инфекции, настинки и пневмонии; се препорачуваат кај лица, ослабени после прележана болест, траума или операција. Шипката има изразен хепатопротекторен ефект.

Се препорачува за регенерација на оштетен црн дроб како додаток во исхраната

Зошто да користите СИЛИМАРИН ДУО:

  • влијае на ублажување на симптомите при оштетување на црниот дроб, предизвикано од алкохолизам;
  • влијае на ублажување на симптомите  од инфективно воспаление на црниот дроб (hepatitis);
  • позитивно влијае при оштетувања на црниот дроб, кои се настанати од лекови (антибиотици, цитостатици);
  • ги ублажува тегобите поврзани со лошо варење, поради конзумирање на нездрава храна;
  • при хемотерапија, бидејќи го штити црниот дроб и бубрезите;
  • природен извор на витамин Ц.

Препорака за примена:

Возрасни – 2 таблети, 2 до 3 пати на ден заедно со храна.
Времетраење на континуирана примена –  1 до 2 месеци.

Контраиндикации: Индивидуална неподносливост на состојките на препаратот, бременост, доење.
Пред употреба се препорачува консултација со лекар.

Пакување: 30 таблети

Рок на траење: 2 години

Чување: На температура до 25ºС, на суво и темно место.
Да се чува надвор од дофат на деца.

Сеуште немате прегледено производи