Sinceritas CBD 20% масло

Што претставува Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар?

Канабиноидите се природни состојки што се наоѓаат во растението Cannabis Sativa L и имаат фармаколошко дејство. Досега се познати околу 110 канабиноиди, од кои канабидиол (CBD) е еден од најзастапените во самото растение. CBD 20% маслото со целосен спектар претставува маслен екстракт произведен од зрелите цветови на растението Cannabis Sativa L.

Целосниот спектар на маслото значи дека освен CBD (што се содржи во највисока концентрација), производот содржи мешавина и на различни други природни супстанции, почетно присутни во самото растение (како што се канабиноидите и терпените). Тие, заедно со канабидиолот (CBD), имаат целосен спектар на делување врз рецепторите на ендоканабиноидниот систем во организмот и на тој начин ги враќаат нарушените физиолошки функции во нормална состојба (го одржуваат организмот во хомеостаза).

Ендоканабиноидниот систем е составен од клеточни рецептори (најпознати се: CB1 и CB2) што се наоѓаат во различни органи, вклучувајќи ги: мозокот, црниот дроб, бубрезите, белите дробови и имунолошкиот систем. CBD нема психоактивно дејство. Досега е проучувана фармаколошката ефикасност на CBD кај: кардиоваскуларни, невродегенеративни, малигни и метаболни нарушувања што вообичаено се поврзани со оксидативен стрес и воспаленија, а CBD има докажано антиоксидативно, противвоспалително и имуносупресивно дејство.

Правилна употреба на производот Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар:

  • Производот се зема независно од оброкот
  • Една капка се капнува под јазик 4-5 пати во денот. Задржете ја 30 секунди пред да проголтате
  • Пред употреба протресете
  • Да не се надминува максималниот дневен внес од 5 (пет) капки дневно, што одговара на 50mg препорачан дневен внес

Употреба на производот Sinceritas CBD 20% масло со храна и напиток: Во текот на земање на производот немојте да пиете сок од грејпфрут, бидејќи истиот може да го наруши дејството на CBD.

Бидете особено внимателни со производот Sinceritas CBD 20% масло: Лицата кои земаат лекови треба да се посоветуваат со лекар или фармацевт пред да почнат со земање на овој производ.

Немојте да го употребувате производот Sinceritas CBD 20% масло:

  • како замена за вкупна или балансирана исхрана;
  • како замена за стандардната пропишана терапија на наведените заболувања;
  • ако сте алергични или пречувствителни на некоја од состојките на производот CBD 20% масло
  • ако имате помалку од 14 години.

Бременост и доење: Маслото не се препорачува кај трудници и доилки.

Влијание врз психофизичките способности:

  • Содржината на тетрахидроканабинол (THC) е помала од 0,2% и оттука маслото нема психоактивно дејство.
  • Не е познато дека производот Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар влијае врз способноста за управување со возило и ракување со машини.

Земање/употреба на други медицински производи: Пред да почнете со земање на производот, известете го Вашиот лекар  ако истовремено земате некои од следниве лекови:

  • еритромицин (за инфекции)
  • амиодарон, клопидогрел, нифедипин (за срцеви заболувања)
  • декстрометорфан (за намалување на кашлица)
  • кветиапин (антипсихотик)

*Ве молиме информирајте го Вашиот доктор или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Што содржи граничниот производ Sinceritas CBD 20% масло?

  • Состојки во 1 капка: канабидиол (CBD) 10mg
  • Останати состојки: канабидиварин (CBDV), канабихромен (CBC), канабигерол (CBG), канабидиолна киселина (CBDa), канабигеролна киселина (CBGa); вехикулум: масло од семе од коноп.

*Препорачаната доза ја сочинува една капка 4-5 пати дневно.

Други податоци за производот Sinceritas CBD 20% масло со целосен спектар:

Начин на издавање: Граничниот производ се издава без лекарски рецепт.

Како изгледа производот и големина на пакување: Капки за перорална примена во темно кафено стаклено шишенце од 10ml, во кутија со упатство.