Sinedol гел / Синедол гел / Sinedol gel /
Sinedol® , (500 i.j./g+150 mg/g+25 mg/g), gel INN: heparin-natrijum, dimetilsulfoksid, dekspantenol
Лекот Синедол гел е препарат кој содржи натриум хепарин, диметилсулфоксид и декспантенол. Хепарин
го спречува згрутчувањето на крвта и помага во заздравувањето на модринки. Декспантенол ја штити и храни кожата. Диметил сулфоксид
ја подобрува ресорпцијата на други супстанции преку кожата и има антиинфламаторно и аналгетско дејство (го намалува воспалението и
болка).
Наменет е за третман на спортски повреди и други повреди на мускулите, тетивите и зглобовите предизвикани од тапа сила.
Се користи и при третман на тениски лакт, воспаление на тетивите и тетивните обвивки, бурзитис. Се користи и во
третман на заболување на периферните вени, како и акутна невралгична болка и воспаление во регионот на рамениот зглоб.