Skleran, 30 таблети

750 ден

За ментално здравје и виталност

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна
Skleran / NATURAL WEALTH Склеран, 30 таблети

Skleran Natural Wealth e мултивитамински и мултиминерален диететски производ со жен-шен, омега-3 есенцијални масни киселини и лук. Производот е наменет за зајакнување на психофизичката состојба на организмот, како и за подобрување на концентрацијата и помнењето. Особено се препорачува за постари лица, лица со ослабен имунитет и виталност, како и за лица кои закрепнуваат од некоја болест. Производот ја надополнува исхраната, задоволувајќи ги специфичните потреби на организмот за витамини и минерали.

Жен-шенот претставува едно од најстарите и најпочитуваните растенија воопшто:
–    помага во обновување на енергијата,
–    ја поттикнува комплетната ревитализација на организмот,
–    ја зголемува виталноста,
–    ја зголемува апсорпцијата и употребата на кислородот во процесот на создавање на енергија,
–    позитивно влијае на циркулацијата.

Лукот традиционално се користи благодарение на изобилството од висококвалитетните состојки кои ги поседува, особено алицинот.
–    благопријатно делува на крвниот притисок и циркулацијата,
–    позитивно влијае на нивото на масти и шеќерот во крвта,
–    корисен е за спречување на атеросклероза.

Омега-3 есенцијалните масни киселини имаат благопријатно дејство врз:
–    крвните садови и циркулацијата,
–    помагаат во спречувањето на претераното згрутчување на крвта,
–    го поттикнуваат доброто помнење и расположение.

Витаминот Е, Б комплекс витамините, особено витаминот Б-12 и фолната киселина имаат значаjна улога во подобрување на концентрацијата и помнењето.
Б комплекс витамините, особено пантотенската киселина и ниацинот во комбинација со жен-шенот:
– играат важна улога во обновување на енергијата,
– ја подобруваат циркулацијата во мозокот со што ја помагаат неговата работа.
Витаминот Е ја подобрува прокрвеноста, особено периферната циркулација.
Моќните антиоксиданти како што се бета каротенот, витамините Е, Ц, цинкот и витаминот   Б-2 го чуваат здравјето на очите и го подобруваат видот, кој со годините станува се послаб.
Витаминот Ц, бета каротен, витамин Е, елементите во траги – селен и  цинк со своето антиоксидантно дејство го поттикнуваат зајакнувањето на имунолошката реакција, ги штитат клетките од прерано стареење и пропаѓање.
Калциум, фосфор, витамин Д и магнезиум ги штитат коските и мускулите.