TRAVELINE таблети

150 ден

За спречување на гадење, повраќање и вртоглавица при патување

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

TRAVELINE таблети/ 1 таблета содржи: дименхидринат . . . 50 mg

TRAVELINE таблети- е лек (антихистаминик) кој се употребува за спречување и лекување на мачнина, повраќање и/или вртоглавица поврзани со болест на патување. Лекот е наменет за возрасни и деца над 2 години.

Возрасни и деца над 12 години: Земете 1-2 таблети 30 минути пред патување. По потреба дозата се повторува на секои 6 часа, до максимум 6 таблети/ден.

Деца на возраст од 6-12 години – 1/2-1 таблета 30 минути пред патување. Може да се повторува на секои 6 часа, не повеќе од 3 таблети/ден.

Лекот се зема преку уста, со чаша вода. За деца од 2-6 додини, заради ризикот од давење, згмечете ги таблетите пред да ги употребите.

Може да предизвика поспаност која се покачува со консумирање алкохол: воздржете се од алкохолни пијалоци или лекови кои содржат алкохол во текот на терапијата со овој лек.

За дополнителни информации, прочитајте го упатството или посоветувајте се со лекар или фармацевт.