Twistshake Стаклено шише против колики 260ml
Twistshake шишето е направено од стакло:
- издржливо на високи температури, што значи дека може да се загрева во микробранова печка или загревач за шишиња,
- да се чисти во машина за миење на садови
- и да се стерилизира на висока температура.
Бидете во тек со растот на Вашето дете со шест различни стапки на проток. Користете само Twistshake цуцли со Вашето Twistshake шише. Поради хигиенски причини препорачуваме да ја заменувате цуцлата секои два месеци.
Да се произведуваат продукти за бебиња е задача со огромна одговорност. Ние гарантираме дека произведуваме продукти кои се со апсолутно највисок квалитет што го потврдуваме со усогласеноста со сите правни контроли на квалитет, како и преку редовни интерни проверки на квалитет. Овој менталитет преовладува не само во производствениот процес: тоа е каменот-темелник на целокупниот бизнис на Twistshake.





