Twistshake Торба за ладење

2,450 ден

Twistshake Торба за ладење – има простор за 15 литри храна/пијалоци и тоа во неколку различни прегради oдлична препорака за вашите подолги патувања

За сите нарачки со вредност над 2000 денари доставата е бесплатна

Twistshake Торба за ладење

Торбата за ладење има простор за 15 литри храна/пијалоци и тоа во неколку различни прегради. Одлична препорака за вашите подолги патувања во природа или на плажа. Поделеноста во прегради ќе ви овозможи практично редење на состојките кои сакате да ги понесете со вас.

Бебињата се единствени. Тие имаат свои индивидуални потреби кои се менуваат со истата брзина со која бебињата растат и се развиваат. Нашата цел е да станеме експерти на сите фази низ кои минуваат бебињата.

  • Кога детето се соочува со нови предизвици, ние сакаме да сме таму да му помогнеме со нашата линија на иновативни и безбедни производи.

Да се произведуваат продукти за бебиња е задача со огромна одговорност. Ние гарантираме дека произведуваме продукти кои се со апсолутно највисок квалитет што го потврдуваме со усогласеноста со сите правни контроли на квалитет, како и преку редовни интерни проверки на квалитет. Овој менталитет преовладува не само во производствениот процес: тоа е каменот-темелник на целокупниот бизнис на Twistshake.