URIMIL, 30 kapsuli

680 ден

Уримил / Urimil е додаток во исхраната што ја поддржува нормалната функција на периферниот нервен систем и обезбедува олеснување при пецкање и вкочанетост на рацете и на нозете. Создаден за да се грижи за половината, грбот и екстремитетите, секоја капсула Уримил содржи оптимална комбинација од 6 основни хранливи материи што помагаат во регенерација на оштетените неврони.

30 kapsuli

Количина:

Опис

Корисни информации:

Болката и вкочанетоста во половината, грбот или во екстремитетите може да бидат последица од:

  • повреди (пад, удар, дислокација, итн.)
  • хируршки операции
  • воспалителни или заразни болести (грип, вирусни инфекции, итн.)
  • други болести (дегенеративни промени, стеснување на ‘рбетниот канал, спондилолистеза, остеопороза, блокада, болка во проекција кај заболувања на внатрешните органи, карцином, дијабетес, недостатоци во исхраната, токсични агенси и лекови)

Едни од најчестите заболувања на периферниот нервен систем се:

  • ишијас
  • лумбаго
  • дископатија
  • цервикален радикулитис
  • интеркостална невралгија
  • плекситис

Периферниот нервен систем (ПНС) е продолжение на централниот нервен систем (ЦНС), кој го сочинуваат мозокот и ‘рбетниот мозок. Главната функција на периферниот нервен систем е да ги поврзе ЦНС со екстремитетите и со органите на телото. За разлика од ЦНС, ПНС не е заштитен со коскено ткиво (череп и ‘рбет) како што се мозокот и ‘рбетниот мозок и е ранлив на оштетување.

Нервните клетки се најмалите структурни единици од нервниот систем. Нивниот број е околу 100 милијарди, при што секој неврон е поврзан со најмалку 10.000 други. Невроните во нервниот систем варираат по форма и големина, но структурата им е слична. Невронот има тело и продолжетоци. Едниот продолжеток, наречен аксон, е подолг од другите и е покриен однадвор со посебна миелинска обвивка, која игра улога на изолатор при пренесување на нервниот импулс. Преку аксонот, клетката испраќа информации до другите клетки.

Кога миелинската обвивка („изолаторот“) е нарушена, невронот не може да функционира нормално и се појавуваат разни симптоми, вклучително и болка.

Таа болка е една од манифестациите на заболувањата на периферниот нервен систем кои се многу чести. Се покажа дека секое трето лице страда од болки во грбот (дорзалгија).

Регенерација на периферните нерви

За да може организмот да ги активира своите сопствени механизми за обновување, потребни се определени хранливи материи. Уримил му обезбедува на телото вистинска комбинација од 6 основни хранливи материи, кои помагаат повторно да се изгради обвивката од миелин и, оттаму, да се регенерираат оштетените неврони:

Уридин монофосфат:

  • Учествува во синтезата на нуклеинските киселини;
  • учествува во изградбата на клеточните мембрани;
  • изградува дендрити, кои ја поддржуваат синаптичката функција;
  • го стимулира формирањето миелин (изолаторот на аксонот)
  • ја поддржува и забрзува невромускулната регенерација и ја запира болката.

Уридинот е присутен во многу хранливи продукти, но не е биорасположлив (не може да се искористи уридинот кој е содржан во храната), а тоа се должи на фактот дека се разградува речиси целосно во црниот дроб и во гастроинтестиналниот тракт.

Фолна киселина

Фолната киселина, исто така наречена витамин Б9, е еден од најважните витамини за здравјето:

  • учествува во голем број ензими;
  • учествува во синтезата на ДНК и РНК;
  • учествува во синтезата на важни аминокиселини;
  • влијае врз активноста на гените во нервните клетки и помага во регулирањето на гените вклучени во регенерацијата;
  • помага за аксонална регенерација и функционално враќање по повредите.

Витамин Б12

Витамин Б12, односно кобаламин, е потребен за производството на миелин. Вкочанетост, пецкање и губење на осетливоста во екстремитетите се симптоми на периферна невропатија поради недостиг на витамин Б12. Статистичките податоци покажуваат дека возрасната популација меѓу 5% и 20% имаат дефицит од витамин Б12, а до 40 % имаат ниско ниво на витамин Б12 во плазмата.

Витамин Б6

Витаминот Б6 е важен за метаболизмот на аминокиселините, гликозата и на маснотиите. Кај возрасните, невропатијата како последица од недостиг на витамин Б6 почнува со вкочанетост или силна болка во стапалата, што потоа се пренесува нагоре и влијае на нозете и на рацете. Иако витаминот Б6 е присутен во многу хранливи продукти, при процесот на готвење на храната доаѓа до губење на витаминот до 70%. Од друга страна, луѓето не се во состојба да го синтетизираат витаминот Б6, така што внесувањето од надворешни извори е неопходно.

Витамин Б1

Тиамин (витамин Б1) е витамин растворлив во вода и е присутен во повеќето растителни и животински ткива. Важен е за клеточното дишење, за производство на невротрансмитери (глутамат и γ-аминобутирична киселина) и за одржување на миелинската обвивка. Недостигот на тиамин доведува до невропатија, позната како бери-бери и е првиот опишан синдром на витамински дефицит кај луѓето.

Како последица од недостиг на витамин Б1 во исхраната, во рок од неколку дена до неколку недели, може да се појават замор, раздразливост и грчеви во мускулите. Клиничката слика за недостиг на витамин Б1 почнува со губење на осетливостa, силна болка, слабост во мускулите на нозете и стапалата.

Витамин Б3

Витаминот Б3, познат и како ниацин или никотинска киселина, е важен за метаболизмот на јаглеродните хидрати, мастите и протеините, како и за трансдукцијата на меѓуклеточниот сигнал и поправката на ДНК во клетката.

Недостигот на ниацин во исхраната може да предизвика лошење, кожни и орални лезии, анемија, главоболки и замор.

Намена: Подпомага во нормалното функционирање на периферниот нервен систем.

Состав на 1 капсула
Уридин монофосфат 50 mg
Витамин Б3 (никотинамид) 10 mg NE
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 6 mg
Витамин Б1 (тиамин хидрохлорид) 4 mg
Фолна киселина 400 µg
Витамин Б12 (цијанокобаламин) 10 µg

 

Други состојки: стабилизатор – малтодекстрин, емулгатори – магнезиум стеарат и микрокристална целулоза.

Препорачана дневна доза: 1 капсула на ден.

Времетраење на употреба: За оптимален ефект се препорачува производот да се употребува 3-6 месеци.

Контраиндикации: Да не се употребува при бременост и доење. Да не се употребува при пречувствителност кон некоја од состојките на производот.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не е замена за разноврсна исхрана. Да се чува на места недостапни за деца. Да не се користи по истекот на рокот за употреба.

Услови на чување: На суво место, на температура под 25oC.

Сеуште немате прегледено производи