HealthAid Vitamin C 1500mg (prolonged release)

1,110 ден

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативно оштетување. HealthAid Витамин Ц 1500mg е ублажен, што го прави лесен за стомакот и обезбедува стабилно ослободување на витамин Ц подолг временски период.

Нема на залиха

Vitamin C 1500mg (prolonged release)

Витаминот Ц придонесува за нормална функција на непцата, забите, кожата, ‘рскавицата, коските, крвните садови, нервниот сиситем, имуниот систем, за намалување на заморот и истоштеноста. Витаминот Ц исто така ја зголемува апсорпцијата на железото и нормалната апсорпција и искористување на калциум и фосфор. Неговата способност да го подобри имунолошкиот одговор покажа дека ја намалува фреквенцијата и времетраењето на настинките. Витаминот Ц исто така е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативно оштетување. HealthAid Vitamin C 1500mg е ублажен, што го прави лесен за стомакот и обезбедува стабилно ослободување на витамин Ц подолг временски период.

Што представуваат и за која намена се Vitamin C 1500mg  таблетите?

  • Придонесуваат за одржување на нормалната имунолошка функција за време и по интензивно физичко вежбање.
  • Придонесуваат за нормално формирање на колагенот кој е потребен за нормално функционирање на крвните садови, коските, ‘рскавицата, кожата, непцата и забите.
  • Одржуваат доволно ослободување енергија во метаболизмот.
  • Придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем, важни се за нормална психолошки функција.
  • Придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес, ја зголемуваат апсорпцијата на железо и го намалуваат заморот и истоштеноста.

 

Vitamin C 1500mg таблетите може да бидат корисни за:

  • Оние кои чувствуваат симптоми на настинка или грип.
  • Луѓе кои сакаат да го намалат времетраењето или зачестеноста на настинките или грипот.
  • Оние кои сакаат да го зајакнат имунитетот.
  • Здравствените работници или луѓе кои се повеќе изложени на инфекции.
  • Луѓе кои сакаат да го задржат општото здравје и благосостојбата.

Што треба да знаете пред да ги употребите Vitamin C 1500mg таблетите?

Немојте да ги употребувате Vitamin C 1500mg таблетите доколку:

  • сте преосетливи (алергија) на било која составна компонента на Vitamin C 1500mg таблетите

Бидете посебно внимателни со Vitamin C 1500mg таблетите:

Предупредување:

Овој производ користете го според упатството кое е наведено на пакувањето. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто. Не го користете овој производ по истек на рокот за употреба.

Употреба со други лекови и медицински производи:

Нема податоци за можни интеракции.

Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

Не е забележано влијание на Витамин Ц 1500 мг таблетите врз способноста за возење или ракување со машини.

Дозирање и начин на употреба:

  • Возрасни и деца над 12 години една таблета на ден со храна, по можност наутро.
  • Доколку е потребно возрасните може да ја зголемат дозата до две таблети.
  • Таблетите да се голтнат цели.
  • Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.