Vitamin D3 Optimum 1000IU е уникатен додаток во исхраната на пазарот со доза на витамин Д3 кој ги задоволува оптималните дневни потреби според препораките на Светската Здравствена Организација.
Медицинските капсули Optimum D3 1000 IU се уникатен додаток во исхраната на пазарот. Капсулите содржат витамин Д3 во количина која ги задоволува оптималните дневни потреби според препораките на СЗО, а нивната главна улога е да го компензираат евентуалниот недостаток на витамин Д во организмот.
Нивото на витамин Д е исклучително важно и кај младите и кај постарите лица. Неопходен е за здравјето на коските и на целиот организам, но бидејќи често не можеме да го добиеме по природен пат, потребна ни е дополнителна суплементација. Без разлика дали редовно се сончате или не, витаминот Д не може секогаш соодветно да се синтетизира од надворешната средина, па затоа се препорачува негова употреба преку разни суплементи.
Витаминот Д, неговите активни метаболити и аналози претставуваат група на соединенија со бројни функции во телото. Примарната улога на витаминот Д е во метаболизмот на калциумот и фосфорот.





