Vitamin E – Oil (100% Pure)
Витаминот Е е моќен антиоксиданс, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Тој е липосолубилен витамин, што значи дека телото прави депо и го користи кога треба.
Има 8 различни форми на витамин Е, alfa-tocopherol е најактивната кај луѓето.
Витамин Е маслото има повеќе улоги.
- Може да се користи за да се спречи прекумерната продукција на меланин и појавата на темни кругови под очите
- Го забавува процесот на стареење на клетките, ја заштитува кожата од штетните УВ зраци.
- Витаминот Е, ја подобрува влажноста на кожата,
- Секојдневното користење на маслото на чиста кожа ја прави кожата мека и нежна,
- Покрај тоа делува на лојните жлезди во кожата и ја регулира нивната функција. Овие жледи продуцираат себум кој ја одржува еластичноста и влажноста на кожата, затоа и има индикација да се корсти кај многу сува кожа.
- Витаминот Е наоѓа примена и при третман на лузни, без разлика на начинот на кој е настаната.
- Витаминот Е наоѓа примена кај сите воспалителни состојби на кожата, ги олеснува симптомите на псоријаза, егзема и уште многу слични состојби.
- Се користи со одлични ефекти и кај стрии. Стриите се еден вид на лузна кои настануваат како резултат на раскинување на дермисот. Витаминот Е пенетрира во дермисот и почнува низа рекации кои резултираат со заздравување на лузната и губење после неколку недели.
Се употребува како:
- Моќен антиоксиданс за неутрализирање на слободните радикали,
- Да го забави процесот на стареење на кожата;
- Да го подобри тургорот, еластичност и влажноста на кожата;
- Помош при третман на воспалителни кожни заболувања,
- Третмен на лузни;
- Заштита од УВ штетните зраци од сонцето
Витамин Е маслото од HealthAid има можност на надворешна и внатрешна употреба.
Дозирање и начин на употреба:
- Надворешно се земаат 1 до 4 капки и нежно се нанесуваат на посакуваното место на кожата со масажа, на место каде што има стрии, лузни, брчки и сува кожа додека целносно не се впие.
- Може да се помеша со бадемово или маслиново масло во еднакви делови или да се користи со друга неутрална крема. Надворешната употреба е безбедна и за трудници и за деца.
- Може и да се пие односно кај возрасни и деца над 14 години 1 до 4 капки дневно, две капки се еквивалент на 200мг од витамин Е.
- Деца под 14 години и трудници пред употреба да се консултираат со квалификувано лице.
Витамин Е масло за раце и тело е слободен од: парабенени, сулфати, пропилен гликоли, вештачки бои и мириси.